logo_mkd_jpg_copy
prijavi_korupcija1

ТИ - Македонија

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност Интернешнл - Македонија" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?

Вести

 
rss.2.0.gif
 
veruvale-ili-ne.png

 


izbori-sem.jpg
plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
 
Вести arrow Вести arrow Индекс на перцепција за корупција во 2013 година

whistleblowers-mk.jpg

 

Индекс на перцепција за корупција во 2013 година Испечати Е-пошта
cpi2013_easterneuropeandcentralasia.jpg 03.12.2013 Корупцијата и понатаму претставува проблем од висок прииоритет за Република Македонија. Резултатот од годинешниот Интекс на перцепција на корупцијата е речиси идентичен со резултатот од минатата година (43 : 44 индексни поени) и укажува на тоа дека постои застој во подобрувањето на состојбите во оваа сфера.
Очигледно е дека активностите кои ги преземаат властите се недоволни, а институциите се неефикасни. Недостатоците во владеење на правото создаваат сериозна недоворба на граѓаните во судството и собранието, како институции кои треба да обезбедат гаранција на вледеење на правото, заштита на јавниот интерес и просперитетна држава. Институциите досега не обезбедија доволна гаранција дека одговорните за корупција и незаконско работење нема да уживаат заштита и ќе бидат казнети. Недопирливоста на одговорните за корупција е секојдневие кое треба да се искорени,„ изјави Проф. Др Слаѓана Тасева, Претседател на Транспаренси Интернешнел Македонија по повод објавувањето на резултатите на ИПК за 2013 година.
 
 
 
 
 
 
 
Таа го повика граѓаните „да се приклучат кон остварување на слоганот „Нулта толеранција за корупцијата„ и да придонесат кон осветлување и пријавување на коруптивните практики кои треба да бидат забележани и документирани со цел да бидат елиминирани. Проф. Тасева ја повика Владата на Република Македонија до крајот на годината да подготви и да почне постапката за донесување на закон за заштита на пријавувачите на корупција, кој ќе започне да се применува веднш по донесувањето, а не после две години, како што планира владата.

Индексот на перцепција за корупција (ИПК) претставува најраспространет индикатор кој се користи за мерење на корупција ширум светот и е моќна алатка во борбата против корупцијата. Проследен со ригорозен процес на ревидирање во 2012 година, направени се неколку значајни промени во методологијата. Со тоа се допринесе за прв пат во 2013 година, ИПК резултатите да се споредуваат со текот на времето. Како дел од ажурираната методологија користена за да се пресмета ИПК, формирана е нова скала од 0-100 во чии што рамки оценката на една земја/територија ја покажува перцепцијата на нејзиното ниво на корупција во јавниот сектор, каде 0 значи дека земјата се перцепира како високо коруптивна и 100 дека земјата се перцепира како многу чиста.  

Индексот на перцепција за корупцијата во 2013 година предупредува дека корупцијата во облик на злоупотреба на власта, тајни зделки и поткуп продолжува да ги уништуваат општествата ширум светот.

ИПК претставува композитен индекс, комбинација на анализи и проценки на корупција, собрани од повеќе реномирани институции каде рангирањето на земјата ја покажува нејзината позиција во однос на останатите земји/територии вклучени во индексот.  Македонија според ИПК во 2013 се наоѓа на 67 место со 44 поени, за разлика од 2012 година каде со 43 поени се наоѓаше на 69 место.

Според Барометарот на глобалната корупција за Македонија во 2013 година кое истаржување се темели на перцепцијата и искуствата на луѓето за корупцијата, говори дека проблемот со корупција во јавниот сектор сеуште е виско оценет со 4,1 (на скала каде 1 – не се воопшто и 5 сериозен проблем). Но, охрабрувачки е податокот дека 82 % од граѓаните се изјасниле дека се спремни да се борат против корупцијата.
Резултатите во Регионот за 2013 година укажуваат дека сите држави освен Словенија (57) и Турција (50) постигнале помалку од 50 индексни поени. Хрватска (48), Македонија (44), Црна гора (44) и Србија (42) и покрај подобрувањето сеоак бележат многу лоши резултати. Словенија во 2013 бележи пад од 37 на 43  позиција, Бугарија од 75 на 77 позиција, а е Косово со најголем пад од 105 на 111 позиција.
 
 
 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТИ-М на социјалните мрежи

facebook_32.png twitter_32.png
blogger_32.png
youtube_32.png

zaednicki_vrednosti.png

 

 

 

audeo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава








Advertisement
bistromatno
Advertisement
Advertisement
 

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 

Донатори :

auswartiges.jpg
dep_symbol.jpg
european.jpg
canwordmark_colour.jpg
rijkslogo_en.jpg
ned-logo.jpg
 osce.jpg
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
© Транспаренси Интернешнл - Македонија. Сите права задржани