ТИ - Македонија
Актуелно
|
|
|
Вести
Вести
|
Кој е Кондоминас - бизнисменот што не важи за светец? |
|
|
|
02.02.2012 Грчкиот милијардер Димитрис Кондоминас, за кој „Транспаренси Интернешнл Македонија“ тврди дека е вклучен во големиот корупциски скандал на „Дојче телеком“, пред една година повторно ги насочи бизнис-стрелите кон нашата држава. Прво со вклучување во проектот „Скопје 2014“ преку купување на земјиштето на плоштадот Македонија за изградба на барокниот хотел и офицерскиот дом, проект за кој фирмата на Кондоминас „ДЕМКО“ беше единствен понудувач и доби површина од 6.308 квадратни метри за околу 630.000 евра. Кондоминас потоа се обиде неуспешно да се вклучи и во енергетскиот бизнис преку учество на тендерите за изградба на хидроцентрали во Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Разврската на аферата со МАЃАР ТЕЛЕКОМ предизвик на македонската кривично правна практика |
|
|
|
31.01.2012 Transparency International – Macedonia изработи Информација заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година од 2007 година.
Истрагата беше водена од американската правна куќа Вајт и Чејс по иницијатива на внатрешната ревизија во компанијата поради сомневање во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавства на други држави.
criminal_usa_v_dt_agreement 1.75 Mb
sec_litigation_executives_-_usa 888.50 Kb
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Покана за прес конференција |
|
|
|
30.01.2012 Транспаренси Интернешнл – Македонија на 31.01.2012 г. (вторник) со почеток во 12:00 часот ќе одржи прес конференција на која ќе биде презентирана анализа на постапувањата на надлежните институции во врска со констатираните неправилности во работењето на Маѓар Телеком, преку неговата филијала во Република Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Македонија на најлоша позиција според слободата на говорот во регионот |
|
|
|
25.01.2012 Македонија се најде на 94-тата позиција, воедно забалежувајќи пад од лани, според слободата на говорот, стои во извештајот на новинарската асоцијација “Репортери без граници“ за 2011 година. Македонија е на дното во регионот и се наоѓа зад Словенија, која е во најдобра ползииција- на 36 место, потоа следат Хрватска на 68., Грција три места подолу. Србија според слободата на говорот се наоѓа на 80-то, а едно место подоли е Бугарија. Полоша од нашата е позицијата на Црна Гора која се најде на 107-мо место.
“Никогаш немало повеќе цензура и помногубројни злоупотребувања на физичкиот интегритет на новинарите“, е заклучокот на “Репортери без граници“ за состојбата со слободата на говорот во 179 земји за 2011 година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>
| | Резултати 1 - 8 од 40 |
|
ТИ-М на социјалните мрежи
|