logo_mkd_jpg_copy

 

TI_partner prijavi_korupcija1

Транспарентост - НК

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност - Нулта корупција" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате кориснички пристап? Направете

Вести

plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
Advertisement
Advertisement
yes-incubator.jpg
Вести arrow Вести arrow Државата не смее да им плаќа членарина на партиите

banergolem.jpg

 

Државата не смее да им плаќа членарина на партиите Испечати Е-пошта
coins.jpg 24.07.2010 Директорите на ВМРО-ДПМНЕ молчат, институциите си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да испита дали има незаконитост во работата на државните агенции, фондови, управи и инспекторати, преку кои нивни функционери и вработени уплаќале членарина во владејачката партија.

Треба да се утврди дали уплатите се вршени од жиро-сметката на институцијата или од личната сметка на функционерите, велат упатените.
 
 

- Плаќањето преку траен налог од нето-платата на вработен во државни институции во јавно претпријатие или во буџетска институција не е против Законот. Префрлањето пари од жиро-сметката на буџетски институции на жиро-сметка на политичка партија е спротивно на Законот за финансирање политички партии. Префрлањето пари од жиро-сметка на буџетска институција на жиро-сметка на политичка партија на име членарина на вработените е незаконски - велат од Државниот завод за ревизија(ДЗР). 

 

Ревизорите и досега констатираа сомнителни фактури меѓу буџетски институции и партии. Вакви трансакции беа објавувани во ревизорските извештаи.

Антикорупциската комисија ќе го разгледа случајот доколку утврди дека има основа.

- Ако институција уплаќа пари на сметка на политичка партија, мора да има назнака за што се парите. Ако ова е точно, влегува во делот на корупција во политиката и ние тука ќе се вклучиме. Доколку грешката е во процедурата со трајните налози, апелирам институциите да ја надминат - вели Илми Селами, претседател на комисијата.

Управата за јави приходи (УЈП) се прогласи ненадлежна да го испита текот на парите. Според нив, ова прашање е поврзано со начинот на кој е регулиран платниот промет, за што е задолжено Министерството за финансии.

Експертите велат дека има моменти за истрага.

- Недозволиво е функционер да плаќа членарина во партијата преку државен орган. Тоа дефинитивно е злоупотреба на службената положба. Не може институциите да се ставаат во функција на партијата на власт. И тој службеник што пополнувал вирмани, наместо да работи што му е работата, е принуден во работното време да собира членарина за владејачката партија - вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспарентност нулта корупција“.

Во ВМРО-ДПМНЕ и вчера молчеа за тоа од каде се слеваат пари на нивната сметка.

„Нова Македонија“ објави дека партискиот врв утврдил оти пратеници, директори и други фунционери плаќале членарина преку траен налог од институциите во кои работат. Поради ваквите уплати, на сметката на ВМРО-ДПМНЕ стоело дека парите стигнуваат од институцијата, наместо од функционерите, членови на партијата од таа институција. Тоа е причината поради која директорите пред неколку дена беа повикани на итен состанок во Владата и им било укажано во иднина членарината да ја плаќаат преку лични сметки во банка.

 

Извор : Нова Македонија

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТНК на социјалните мрежи

1-facebooklogo.jpg

twitter-logo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава






kmnk
bistromatno
Advertisement
Advertisement

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
 
 
© Транспарентност - Нулта Корупција @2006. Сите права задржани