logo_mkd_jpg_copy

 

TI_partner prijavi_korupcija1

Транспарентост - НК

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност - Нулта корупција" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате кориснички пристап? Направете

Вести

plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
Advertisement
Advertisement
yes-incubator.jpg
Вести arrow Вести arrow Службениците кои вршат две функции мудро си молчат

banergolem.jpg

 

Службениците кои вршат две функции мудро си молчат Испечати Е-пошта

rt_dksks15072010.jsp.jpg 15.07.2010 Судирот на интереси во рамките на локалната власт станува се помасовна појава. Државната изборна комисија за спречување на корупција веќе постапуваше по неколку предмети, но службениците кои вршат две функции истовремено, не сакаат да се откажат од она што им го нудат функциите, повeќето од нив мудро си молчат.

 

Закони кои ја регулираат оваа материја, ја третираат различно.Надлежните констатираа дека оваа појава е во подем и предлагаат да се делува превентивно, со список на функционери, кој ќе се проверува.
“Да се создаде законски филтер, пред одреден функционер, кој веќе е избран на одредено место  да врши некоја функција, да не може да биде избран на друга функција. Да се направи еден регистер на функционери, владата или градоначалникот кога ќе ги именува таквите лица да проверат во списокот дали е ставен како функционер. Тука за комисијата би било многу полесно постапувањето“ вели претседателот на ДКСК, Илми Селами.
Тој ги повика службените лица кои се наоѓаат во ваква состојба, сами да дадат личен пример и да ја олеснат работата на ДКСК.
„Службените лица кои што се наоѓаат во ваква состојба на судир на интереси, сами да си дадат свој личен пример, да се извлечат од состојба на судир на интереси со цел да ја олеснат работата на  државната комисија за спречување на корупцијата“ додава Селами.
„Не може пратеник да биде и министер, бидејќи пратеникот врши контрола на извршната власт. Таа истата логика се рефлектира и на локално ниво. Не може оној кој што е основач на јавно претпријатие, на пример општина Велес, не може да има советник кому што му врши контрола, на пример директор на училиште, по дифолт не може. Тогаш каква контрола ќе имаме? Имаме мешање на две власти, една законодавна и извршна власт дециден е професорот Борче Давитковски.
„Праксата во механизмите за превенција од оваа појава во Македонија потфрли. Оваа појава е пракса и на ниво на централна власт“ вели народниот правобранител Иџет Мемети.
Градоначалниците во сите општина ја поддржаа борбата против судирот на интереси.
„За мене клучна е политичката волја. Наместо досега да е подигната на високо ниво, таа е како воопшто да не постои. Потребно е под итно да се интервенира и да се дополни законот за судир на интереси. Потребно е сите да ги почитуваат одлуките на ДКСК и потребно е да се најде начин, таа да има поодврзани раце“ вели Стевче Јакимовски, градоначалник на општина “Карпош“.
Невладините организации ја охрабрија државната изборна комисија да реагира поодлучно.
Измените и допoлнувањата на законот за судир на интереси кои беа донесени во декември 2009 година воведоа една измена, односно обврска за избраните службени лица.
Тие до државната комисија за спречување на корупција треба да дадат изјава за интереси за своите лични ангажмани и за ангажманите на своите блиски лица. Дали оние кои што вршат одредена функција дополнително вршат уште едно овластување или должност, дали се членови на некое здружение на граѓани, дали се припадници, основачи или раководат со некое трговско друштво, дали се основачи или учесници во некој државен капитал. Истите податоци требаше да ги достават и за нивните блиски лица.
Со ова се отвори една појава која сега веќе станува се помасовна, а тоа е судирот на интереси во рамките на локалната власт, поточно случај на советници во општините, членови на советот на општините низ цела Македонија истовремено се и директори на разни установи, комунални претпријатија, кои ги основа советот на општината или на други правни лица кои располагаат со државен капитал.
Законот за спречување на корупција, изборниот законик и законот за локална самоуправа го третираат ова прашање, но на различен начин.

 

Извор: Макфакс

 

 
< Претходно   Следно >
 EN en
 
sq
SQ

ТНК на социјалните мрежи

1-facebooklogo.jpg

twitter-logo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава






kmnk
bistromatno
Advertisement
Advertisement

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
 
 
© Транспарентност - Нулта Корупција @2006. Сите права задржани