|
ЕТИЧКИ КОДЕКС НА „ТРАНСПАРЕНТНОСТ - НУЛТА КОРУПЦИЈА“
Изјава за визијата, вредностите и водечките принципи
Транспарентност- нулта корупција и нејзините членови во својата работа ќе се раководат од визијата, вредностите и водечките принципи на здружението:
Визија
Држава во која владата, политиката, бизнисот, граѓанското општество и секојдневниот живот на луѓето се без корупција.
Вредности
> Транспарентност
> Одговорност
> Солидарност
> Смелост
> Правичност
> Демократија
> Интегритет
Водечки принципи
Транспарентност- нулта корупција се обврзува да ги почитува следните принципи:
* Ние ќе соработуваме со сите домашни и странски, владини и невладини организации и тела, индивидуи и групи како и со медиумите кои се борат против корупцијата, во согласнот со политилката и приоритетите утврдени од управувачките тела на Transparency International и Транспарентност- нулта корупција;
* Ние се обврзуваме да бидеме транспарентни, одговорни о отчетни во својата работа;
* Во нашата работа ќе бидеме демократични, партиски неопределени и неселективни;
* Остро ќе ги осудуваме поткупот и корупцијата секогаш кога ќе бидат откриени, иако ние самите нема да именуваме индивидуални случаи на корупција;
* Ставовите кои ќе ги заземаме ќе бидат засновани на сигурна, објективна и професионална анализа и високи истражувачки стандарди;
* Ќе прифатиме финансирање кое нема да ја компромитира нашата можност за остварување на независни, темелни и објективни резултати;
* Ќе се погрижиме за тоа нашите соработници секогаш да добиваат точни и навремени извештаи за нашите активности;
* Ќе ги почитуваме основните човекови слободи и права;
* Ние сме согласни да градиме и работиме со и преку националните ограноци низ целиот свет;
* Ќе се стремиме кон балансирано и рамноправно учество на членовите во нашите управувачки тела.
|