logo_mkd_jpg_copy

 

TI_partner prijavi_korupcija1

Транспарентост - НК

Актуелно

* Канцеларијата за правни совети на "Транспарентност - Нулта корупција" објавува дека ќе биде отворена за прием на граѓани.

**  Со сите заинтересирани граѓани кои сакаат да    пријават случаи поврзани со корупција, ќе разговараат правни советници.

***  Сите состаноци потребно е претходно да се закажат.Канцеларијата не постапува по анонимни пријави. 

Login Form






Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате кориснички пристап? Направете

Вести

plakat-bunar-bez-dno-mak-we.jpg
 
poster_transp.jpg
 
Advertisement
Advertisement
yes-incubator.jpg
Вести arrow Активности

banergolem.jpg

 

Активности
Публикација "Финансирање на политички кампањи" Испечати Е-пошта

 logo_mkd_jpg_copy.jpg19.07.2010 Во рамки на проектот "Подобрување на изборниот систем во Република Македонија", "Транспарентност-Нулта Корупција" ја издаде публикацијата "Финансирање на политички кампањи".

Проектот беше поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка.

 

 pdf finansiranje_na_politicki_kampanji 780.57 Kb

 

 

 

 
Известување до медиумите во врска со поднесена претставка од Г-дин Ванчо Каргов Испечати Е-пошта
logo_mkd_jpg_copy.jpg На 14.06 2010 до Транспарентност – Нулта Корупција со Претставка се обрати господинот Ванчо Каргов.
Транспарентност – Нулта Корупција, при постапувањето по Претставки работи непристрасно и сеопфатно, имајќи увид во рамките на доставени документи и релевантните извори  на право во Република Македонија.

Од  Претставката и приложената документацијата што беше доставена, видливо е дека:

Причина за поднесената претставка, се наводите во Известување добиено од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), за кои најпрвин дознал од медиумите и кои според негово видување не се соодветни за ситуацијата во која се затекнал, со барање да му биде презентиран нашиот став во врска со истото.
Што се однесува до Известувањето на ДКСК доставено до господинот Ванчо Каргов, истото не содржи доволно податоци кои ја оправдуваат и прават разбирлива примената на во него посочените одредби од Закон за спречување на корупцијата (ЗСК) и Закон за спречување на судир на интереси (ЗССИ) за конкретниот случај, односно истото не е соодветно образложено и релевантно аргументирано.
 
Прочитај повеќе...
 
Корупција ги уништува деловните односи и го намалува економскиот раст Испечати Е-пошта

ec26052010.jpg 02.06.2010 Поради огромните економски штети кои ги предизвикува корупцијата, експертите советуваат подигање на свеста кај компаниите за штетите од корупција, но и искористување на новата генерација иновативни алатки за зајакнување на регулаторните капацитети на институциите.

 

Назадуваат активностите за подигање на свеста на бизнис-секторот за потребата од справување со корупцијата. Нивото на деловната култура кај македонските компании се уште е ниско и се јавува како ограничувачки фактор кој го спречува напредокот за посилен корпоративен интегритет. Бизнисот треба да сфати ризиците од корупцијата почнуваат со најмалиот поткуп и понатаму се шират со застрашувачка брзина. Корупцијата е глобален феномен кој што му штети на бизнисот и со него треба да се справуваат сите, од најмалите трговци до мултинационалните корпорации, беа главните препораки од конференција “Корпоративни бизнис  принципи и предизвиците на глобалната корупција“, во организација на Транспарентност – нулта корупција (ТНК).

 

Прочитај повеќе...
 
Електронски весник бр. 4 на Транспарентност Нулта Корупција Испечати Е-пошта

 

logo_mkd_jpg_copy.jpg

 

09.04.2010 Во прилог е четвртиот број на електронскиот весник на ТНК, посветен на активностите на организацијата во 2009 година.

 

pdf newsletter_no_4_mak 659.71 Kb 

 

 

 
Младите сакаат иднина без корупција Испечати Е-пошта

 

sb09032010.jpg

Доделени пофалници на ученици од средните училишта за најдобри есеи на тема “Корупцијата не е моја иднина“

 

09.03.2010 Борбата против корупцијата е предизвик за сите генерации. За возрасните таа е изразена во потребата да изградат општество во кое сите убаво ќе живееме и ќе имаме подеднакви можности за работа и напредок. За младите е предизвик, да разберат и да сфатат, каков е овој проблем и зло кое може да ја загрози нивната иднина – истакна претседателката на Транспарентност – Нулта корупција Проф. Слаѓана Тасева. Таа додаде дека оваа пилот активност – доделување пофалници за најдобрите есеи од средните училишта на темата – “Корупцијата не е мојата иднина“, која е во рамките на проектот “Културата на законот наспроти корупцијата“, е прва и единствена од овој вид.

 - “Од возрасните зависи, дали младите ќе имаат можност да научат во што се состои корупцијата, и зошто велиме, дека таа е зло. Учениците од средните училишта ова зло многу добро го препознаваат, и имаат многу убави идеи за тоа каква сакаат да биде нивната иднина, без корупција“ – нагласи Тасева.

 

 

pdf najdobri_esei 231.65 Kb

 

 

 

Прочитај повеќе...
 
Анализа на претставка од Љубен Пауновски во врска со правосилна кривична пресуда Испечати Е-пошта

26.02.2010 По доставенидокументи на предлог од господинот Љубен Пауновски, во интерес наунапредување на владеењето на правото и правната држава, ТранспарентностНулта корупција, направи анализа  од којапроизлезе следниот заклучок:

Вештите лица во вештачењето(2001 година) и судот во доказната постапка и при утвр­ду­ва­ње на пресудата (2006година) не го земале во обѕир важењето на: „Правилник за критериумите за утвр­дувањена тајните податоци значајни за армијата на република Македонија кои мораат дасе чуваат како тајна и мерките за нивна заштита“ објавен во Службен вес­ник наРепублика Македонија бр. 43/94; донесен врз ос­нова на член 121 став 2 одЗаконот за Одбрана (Сл. весник на РМ бр.8/92) и бил укинат со „Уредба запрестанување на важење, од­носно на при­мена на прописите опфатени со проектотрегулаторна гилотина“ (Сл. весник на РМ бр.34/08), како и прописите поврзани соработите на сто­ков­ни­те резерви.

 

 

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 10 од 53
 EN en
 
sq
SQ

ТНК на социјалните мрежи

1-facebooklogo.jpg

twitter-logo.jpg
transparentnost_newsletter

Newsletter - Пријава






kmnk
bistromatno
Advertisement
Advertisement

Анкета

Македонија е најкорумпирана во ...
 
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
 
 
© Транспарентност - Нулта Корупција @2006. Сите права задржани