Транспарентост - НК
Актуелно
|
|
|
Вести
Вести
|
Барометар на корупција за месец јуни 2010 г. |
|
|
19.07.2010 Најматен настан во јуни е Владата ќе вработи партиски членови, а најбистар најавеното поднесување на прекршочни пријави од Државната комисија за спречување на корупцијата за 40 функционери кои не доставиле изјави за спречување на судир на интереси, покажа последната анкета Бистро-Матно на новинската агенција Макфакс и невладината Транспарентност нулта корупција.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Службениците кои вршат две функции мудро си молчат |
|
|
|
15.07.2010 Судирот на интереси во рамките на локалната власт станува се помасовна појава. Државната изборна комисија за спречување на корупција веќе постапуваше по неколку предмети, но службениците кои вршат две функции истовремено, не сакаат да се откажат од она што им го нудат функциите, повeќето од нив мудро си молчат.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Владата игнорира судир на интереси |
|
|
01.07.2010 Игнорирањето на препораките од Државната комисија за спречување на корупцијата е доказ дека Владата само декларативно се бори Со корупцијата, а во суштина ја поддржува, велат експертите. По смената на раководството на Државната комисија за спречување на корупцијата, од Комисијата дојдоа неколку препораки за разрешување владини функционери поради злоупотреба на функцијата и поради кумулација на неколку функции кај еден функционер, но Владата ги игнорира овие препораки.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Антикорупционерите без плати? |
|
|
29.06.2010 На Државната комисија за спречување на корупцијата со ребалансот и е скратен буџетот за околу 100.000 евра, токму во период кога државата треба да ја интензивира борбата со корупцијата, што е еден од битните реформски процеси кои треба да ги исполни Македонија на патот кон ЕУ. Претседателот на Комисијата, Илми Селами, предупредува дека со намалувањето на буџетот за околу 30 отсто сериозно е попречено нејзиното нормално функционирање, за вистински да се справува со корупцијата во државата. Селами апелира до владините институции да ја почитуваат Конвенцијата на Обединетите нации, каде што во членот 6 се вели дека на ваквите специјализирани тела, кои се борат против корупцијата, првенствено треба да им се овозможат соодветни услови за работа.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
| | << Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
| | Резултати 9 - 16 од 29 |
|
|